Top

(Извадок од нашата Дневна Глобална Медитација.) Денес сме во Налчик, Русија. Пристигнавме и добивме многу топло добредојде од луѓето овде, а нашето семејство е проширено. Многу луѓе од многу други региони пристигнаа овде пред овој Божествен Дом, уште една Голема Антена, и ние ја споделуваме со вас енергијата, оттука, љубовта и хармонијата што си ги ветивме еден на друг. Ветивме дека ќе создадеме бран на среќа.

Само љубовта може да ја сопре омразата. И сега на нашата планета Земја, сведоци сме на трансформацијата на свеста која ни е потребна за да опстанеме, да продолжиме на овој Дом, Зелената планета Земја.

Така заедно ќе медитираме, ќе влеземе во овој празнина, единството, хармонијата, да го создадеме новиот свет, новите човечки битија. Новите човечки битија се раѓаат од старите, од нас, од секој од нас. Ние го имаме ова семе и семето треба да излезе од оваа тврда обвивка за да стане дрво; тогаш дрвото ќе порасне и ќе процвета…но ни треба храброст, храброст во секој од нас. Имаме мудрост, имаме љубов, но ни треба и храброст…