Top

Учиме од сонцето

Добредојдовте на нашата Дневна Глобална Медитација. Ние сме во Шамбала. Овој дел од светот е толку убав. Овде е утро. Зората тукушто започна, сонцето изгрева, како што секој од нас може да биде сонце. Долината е опкружена со планини […] во провинцијата Печабури, во Тајланд.

Ние живееме овде во последните шест недели. Живееме заедно, делиме заедно, работиме заедно, под сонце, под дожд; и секое утро медитираме со изгрејсонцето, правиме вежби пред ова прекрасно сонце; учиме да бидеме сонце, безусловната љубов.

Значи, имаме врвови, имаме долини, имаме бамбуси, имаме вода… секој симбол на животот на оваа планета Земја. Така, намерата да се изгради Шамбала е да се здружиме во овој простор и време, за да можеме да го надминеме просторот и времето, да ги надминеме границите меѓу традициите, меѓу религиите, идеологиите и многу системи на верување, да се здружиме како Едно. Ова Единство може да се манифестира во семејство кое живее заедно.

Затоа, сите ние денес овде, ви ја испраќаме сета наша љубов, нашето сочувство и посакуваме еден ден да бидеме заедно на ова место. Секој пат кога се собираме, учиме заедно, споделуваме и дишиме ист воздух, јадеме иста храна, го градиме ова Ново Човештво без граници, без осуда, без критика, бидејќи во секој од нас ја имаме сета добрина, вистината, убавината; но сепак, ги имаме сите други негативности што сме ги акумулирале во текот на толку многу животи, вклучувајќи го и овој живот, за да можеме да бидеме лекции, животни лекции; тука е училиште, училиште на животот.

Значи, сите заедно, во овој момент на Дневната Глобална Медитација, ние сме поврзани надминувајќи го просторот и времето, за да станеме енергија; енергијата на безусловната љубов, на сочувството, на хармонијата, на единството.

Share