Top

Водата е извор на живот

Добредојдовте на нашата Дневна Глобална Медитација. Денес, сите сме поврзани со вас преку оваа Дневна Глобална Медитација од Аргентина. Пред вас се Водопадите Игуасу. Ова е од аргентинската страна. Овие водопади припаѓаат на две земји, Аргентина и Бразил. И ова утро, нашето семејство на Универзална Енергија, ја посетивме браната Итаипу.

Научивме дека водата е извор на живот и исто така знаеме дека водата има многу света меморија. Таа е свет медиум што можеме да го користиме за да ги испратиме нашите мисли, нашата енергија, нашите намери, и денес, споделуваме со вас уште еден вид на вода, многу моќен. И ние ја искористивме моќта на водата за да направиме електрична енергија, моќта што ја користиме во нашиот животен стил во моментот.

Значи, многу зависи како го користиме овој извор на живот, водата: дали го користиме за да создадеме удобнобност, за споделување, за да ги испратиме мислите, хармонијата, љубовта; или го користиме за да создадеме борба за моќ – зависи од нас, но не можеме да живееме без овој извор на живот, водата. Ние сме направени од вода. Како човечки суштества, повеќе од 80% од нашите физички тела се направени од вода, а ние сме многу поврзани со вода.

И во овој дел од светот, реките се среќаваат на Т раскрсница, правејќи ги, создавајќи ги овие водопади. И научивме дека Природата е толку прекрасна, толку дарежлива, толку чудесна.

Ние сме предадени, толку сме мали, во споредба со чудата што можеме да ги видиме на оваа Мајка Земја. Како ќе продолжиме да се грижиме за Мајката Земја зависи од нас. Водата, овој извор на живот, овде во шумата, дрвото, а ова е пораката од Игуасу, во Аргентина.

Ќе започнеме со нашата медитација денес, во оваа Дневна глобална медитација, и ќе ја научиме лекцијата за љубовта, за споделувањето, бидејќи љубовта е споделување – споделување на изворот на животот, споделување на сè што имаме на оваа планета Земја. Имаме многу, но како дистрибуираме, како споделуваме?

Така, заедно, денес, од Аргентина, ви ја испраќаме сета наша љубов и сочувство, ја учиме лекцијата за љубовта, споделувајќи.

Share