Јогата е жив феномен. Јогата е наука. Таа е технологија – треба да знаете како да ја користите. Кога вежбате јога најважна е вашата намера. Ако сте среќни и емоционално стабилни, тогаш сите сигнали што ги праќате во мозокот ќе бидат за среќа, радост и здравје.
Јогата е древно знаење за животот, тоа е начин на живот, универзален код кој нѐ води кон добросостојба.Тоа е соединување на вашиот видлив и невидлив дел, меѓу вашето физичко и енергетско тело; вашето малечко јас се поврзува со бескрајниот универзум. Јога е обединување меѓу телото, умот и душата.
Вистинскиот став на јогата е да се биде понизен. Да се практикува јога е да се живее во будност. Јогата е духот на колективната енергија, енергијата на љубов.
Медитацијата е форма на наука за да ви помогне да разберете кои сте и што е најважното нешто во вашиот живот. Во медитација вие го примате одговорот на што е целта на тоа што сте тука и имате дијалог со бескрајниот извор на енергија. На тој начин се поврзувате со бескрајната интелигенција.
ХУЕСА методот нѐ учи на лесни, но ефектни техники на јога и медитација, кои можат да ни помогнат да пронајдеме внатрешен мир, Нулта Состојба на умот, кадешто мирот ги заменува сите мисли и емоции. Овие техники ни помагаат да го свртиме умот навнатре за контемплација и релаксација. Практикувајќи ги овие нешта, ние постепено учиме да живееме во состојба на будност.
A blogger from Huesa, Australia.