Универзалната Енергија е витална сила која ги одржува сите форми на живот. Се наоѓа насекаде во природата. Навистина, на сите живи креации им треба Универзална Енергија за да си ги вршат своите витални функции. Недостаток или дебаланс на оваа витална животна енергија во нашето тело може да доведе до проблеми поврзани со стрес или непријатност. Навлегувајќи во Универзалната Енегија можеме да одиме над незначајните манифестации за да стигнеме до коренот на проблемот.
Универзалната Енергија работи низ органите и клетките на телото. Кога Универзалната Енергија циркулира во нашето тело, ние ја нарекуваме Човечка Енергија. Како што таа се движи низ телото, му помага на енергетскиот систем да си го поврати својот природен баланс и холистички го подобрува целокупното здравје во хармонија со телото, умот и душата.
Оваа енаргија на постоењето отсекогаш е тука. Таа припаѓа секому и ги вклучува сите. Секој има потреба од оваа Божествена енергија за да живее. Таа ви дава живот вам и на сите живи креации. Оваа енергија не дискриминира бидејќи таа вклучува сѐ. Таа не прави разлика меѓу културите, нациите и државите.
Вашето енергетско поле е огромно, бескрајно; тоа се допира со енергетското поле на сите околу вас. Вие креирате колективно енергетско поле, Божествена мрежа, која вибрира на иста фреквенција на љубов и сомилост. Вашето квантно срце е големо колку универзумот. Кога вие ќе ги подредите сите ваши мисли и молитви , правите голема разлика. Еден можеби не е способен да го направи тоа, но заедно вие имате ја имате моќта да го на правите светот подобро место за живеење, за вас и за сите идни генерации. Носете ја оваа прекрасна енергија со вас. Каде и да одите, вие ја ширите енергијата на љубов, сомилост, единство и хармонија. Оваа љубов ја здружува енергијата вашата внатрешна енергија со Божествената љубов на универзумот. Тогаш вие сте секој и секој е вие. Тогаш животот е чудесен. Не чекајте да видите, само бидете оваа љубов и таа ќе се манифестира.
A blogger from Huesa, Australia.