Top

Среќа и Духовнот

Постои основна човекова мудрост, која може да ги разреши сите светски страдања. Таа не припаѓа ниту на некој човек, нација или религија. Таа не е ниту од Западот или од Истокот, бидејќи таа е универзална и ни припаѓа на сите нас. Тоа е основната добрина, која е во секој од вас. Вие ја имате, ја чувате и ја негувате. Вие знаете кои сте и зошто сте тука на Земјата во овој живот.

Вие можете да го промените светот, менувајќи се себе си. И ова е начинот како вие можете да му помогнете на светот. Да се биде жив е основната добрина. Секое човечко битие има основна природа на добрина. Тоа човечката љубов, нежност и цененето едни со други. Оваа добрина е насекаде. Ја има во изобилство во вас и вие може да ја споделите со светот. Таа се намножува кога ќе се сфати.

Главниот фокус во вашиот живот можеби бил обидот да најдете добра работа, да заработувате за живот, да се гржите за семејството и да уживате во материјални задоволства. Тоа навистина може да биде лесно да се трча низ лавиринтот на животот без пауза, за да се помисли на неговото вистинско значење.

Како и да е, во одреден момент вие можеби ќе почнете да се запрашувате себе си: дали тоа што го правам е значајно? Уште поважно: дали тоа мене ми е важно? Сфаќате дека не сте исполнети, дека нешто недостасува, нешто што би дало подлабоко значење на вашиот живот.

Чувството дека тоа што го правите има вистинска цел и значење за вас може да направи огромна разлика во вашиот живот. Тоа прави секој ден да смислувате многу возбудливи нешта. Но, како можете да го култивирате животот да ви стане позначаен?

Да си ја пронајдете смислата на животот можеби ви личи застрашувачка работа, но ХУЕСА методот може да ви помогне да откриете што навистина е важно за вас.

Со пракса на ХУЕСА методот можеме да си помогнеме себе си и на другите. Помагајќи на другите без очекувања за материјална корист или награда, ние можеме да ја развиеме нашата сомилост и да се стекнеме со попозитивна перспектива во животот. Актот на споделување со другите може да ја рашири позитивната филозофија на сите: вистинската љубов без очекување награди ја поставува основата за подобри односи меѓу сите човечки битија, ве води кон поквалитетен живот. Дополнително, постојаната пракса на методот на крајот ќе придонесе за повисоко ниво на будност, овозможувајќи ни да продолжиме на патот на нашата лична еволуција.

Личната еволуција за ХУЕСА практикантите значи искрена потрага за себе-подобрување како индивидуа и поголема грижа за другите. Како што напредуваме во методот, сѐ поголем ни е интересот како да делуваме за добробит на сите, отколку за поединци или група на луѓе. Исто така стануваме поподготвени за ги прифатиме негативните животни ситуации и трагаме да уживаме во сегашниот момент, отколку да тагуваме за минатото или да се грижиме за иднината. Можеме да достигнеме повисоко ниво на свесност која ни дозволува да разликуваме што е лажно и минливо, а што трае вечно.

Avatar of HUESA
HUESA
Blogger

A blogger from Huesa, Australia.