Медитација
Првиот чекор во духовното патување е медитацијата. Ако не го направите првиот чекор, патувањето од 1000 милји никогаш нема да започне. Вашата духовна култивација е многу итна. Не оставајте ја за утре.
Медитацијата е за да научиме да не губиме толку многу енергија преку нашите мисли. Медитацијата нè учи да се вратиме назад кон нашиот вистински извор, да се вратиме назад кон нашето вистинско јас.
Медитацијата ја запира мислата и нè внесува во тишина. Ни треба тишина бидејќи премногу сме се оддалечиле од природата. Треба да се вратиме кон природата и повторно да се поврземе со божествениот интелект и универзалната библиотека според законите на природата. Универзалната библиотека ги содржи сите корисни и практични лекции и знаења кои биле акумулирани во текот на животот.
Ослободете се од вашите навики, традиции, емоции. Медитацијата ќе ви помогне да влезете во овој безграничен простор и да го пронајдете своето вистинско јас.
Медитацијата е широк простор на тишината, каде што се светите звуци – биењето на срцето, звуците на животот и Универзумот, раѓањето на цвеќињата и животните, звуците на постоењето; звуците на повикот за промена на вашата личност. Во медитацијата можете да ја разберете вистинската смисла на животот.
Медитацијата е за да влезете во просторот со највисока фреквенција, каде што има тишина, и само тишината ви зборува. Медитацијата е коренот на мир. Медитацијата е вистинскиот начин, тоа е алтернативата за да се има слобода, да не зависиме од другите, да не бидеме контролирани од другите.