Top

ХУЕСА Светска Конференција – „Био-енергијата и човековото здравје“

Од 5 – 7-ми мај 2016 година, речиси 300 делегати кои потекнуваат од 23 земји и опфаќаат 5 континенти присуствуваа на отварањето на ХУЕСА Светската Конференција за „Био-енергија и човеково здравје“ во Виетстра Ресорт и Спа, во градот Туј Хоа, провинцијата Фу Јен, во Виетнам . Во соработка и со поддршка на Институтот за Развој на Ориентални Истражувања (ORDI) и со превод на девет јазици за време на конференцијата, еден многу успешен настан го најави почетокот на нешто многу специјално и за Виетнам и за ХУЕСА.

Делегатите беа претставници од локалните власти, локалните медиуми и огромен број научници, професори, доктори и други високопочитувани учесници во општеството од сите страни на светот. Добивајќи многу топло добредојде од локалните власти, говорниците од Виетнам, Бразил, Италија, Полска, Босна и Херцеговина, Франција, Португалија, Германија, Русија, Белорусија и Австралија ги споделија своите ставови за био-енергијата (универзална енергија) и нејзината примена во нивниот секојдневен живот за физичка, емоционална и психолошка благосостојба.

По дводневни научни дискусии, на 7-ми мај, делегатите уживаа во еднодневна екскурзија во провинцијата Фу Јен, почнувајќи со медитација на изгрејсонце на плажата и посета на неколку места од културно и историско значење во областа.

Вечерта, властите на провинцијата Фу Јен се сретнаа со делегати во градскиот културен центар на проштална прослава со специјални културни изведби и традиционална музика која ја исполни салата за спектакуларна ноќ.

На 8. мај, многу од делегатите го напуштија Фу Јен за да се вратат во своите земји и да се вратат дома со дел од љубовта и спомените од Виетнам и неговиот народ. Мала група странски учесници го продолжија престојот во Виетнам за да ја рашират својата љубов и да посетат многу други места од историски интерес.

Со овој меѓународен настан, за ХУЕСА е поставена нова страница во историјата, што го означува почетокот за нова програма за ова училиште. За да го споделите овој настан, посетете ја нашата фотогалерија.

Share