Top

Откривање на Eдинството

Добредојдовте во нашата Дневна Глобална Медитација. Ние сме поврзани со вас од Печабури, на југот на Тајланд. И денес нашиот работен тим од ХУЕСА Шамбала е во посета на оваа Пештера. Во оваа Пештера, пред вас е Статуата на Лежечкиот Буда, симбол на мирот, сочувството. И насекаде во оваа Пештера имаме многу статуи: статуи на Буда, статуи на Божества, статуи на многу физички ентитети кои живееле овде порано.

Така, денес ви го испраќаме нашето сочувство, нашата хармонија, во овој дел од светот. Ние сме тука во изминатите еден и пол месец за да ја изградиме Шамбала како место кое ни даде мотивација, намера како да имаме заедницата заедно; да живееме заедно, да работиме заедно, да дишеме ист воздух. Наутро стануваме рано, слушаме како пеат птиците, го гледаме изгрејсонцето, заедно медитираме. Ова е почеток на УЕ селото кое некогаш посака да го има Мастерот, нашиот сакан учител, нашиот сакан Мастер, основачот на оваа Универзална Енергетска Школа.

Сега ние само го преземаме ова патување, и синхроницитет е што денес дојдовме овде, во недела, за време на оваа Дневна Глобална Медитација, за да можеме да бидеме поврзани со вас. Онаму каде што сега се гради Шамбала, сè уште немаме интернет, немаме сигнал за мобилниот телефон, но сепак, живееме; живееме потполно, целосно, со природата.

Работата таму е тешка; секој ден, на сонце е многу жешко. Времето што треба да го поминеме надвор во полето е навистина жешко, затоа треба да најдеме друг начин за да се навикнеме на времето овде. Инаку, ние уживаме во тоа и живееме заедно како вистинско семејство, со љубов, со споделување, со хармонија и помагајќи си еден на друг да се трансформираме полека чекор по чекор.

Така, од оваа Пештера, Пештерата Као Луанг, од провинцијата Печабури, каде што се наоѓа нашата ХУЕСА Шамбала, ви ги испраќаме сите наши поздрави, нашата љубов, за сите заедно… секогаш сме заедно. Во секој здив што го земаме, ако знаеме дека сме едно со Универзумот, ние сте вие, вие сте ние. Така сме поврзани, во секој здив што го земаме - истиот воздух што го дишеше Буда; истиот воздух што го дишел Исус Христос.

Значи, ние ќе бидеме заедно во ова Единство, за да можеме да изградиме Шамбала во секој од нас пред тоа да се манифестира во вистинската Шамбала надвор, во овој физички свет. Така, од ХУЕСА Шамбала, во Тајланд, се збогуваме со вас.

Share