Top

Ценете го она што го имате и она што ви е дадено

Добредојдовте во нашата дневна глобална медитација. Денес ве покануваме да се поврзете со Големиот Кањон во Аризона, во САД, едно од прекрасните чуда на нашата планета Земја. Нашата природа може да ни даде толку многу, но ние ретко го цениме она што го имаме и она што ни е дадено.

Се потсетуваме еден со друг да запомниме кои сме – ние сме Човечки битија, ние не сме Човечки Извршувачи – направивме премногу, правиме и правиме, правиме, правиме… премногу. Ако застанеме и бидеме нашето вистинско јас и ако ја цениме Мајката Земја, ако ја цениме Природата и живееме во милост секоја минута од нашиот живот на Земјата, тогаш ќе можеме да ја спасиме нашата планета Земја.

Сега останува на нашата Мајка Земја да ги поддржи животите на Земјата и да ја направи оваа голема трансформација во ова време, во ова вертикално време. Времето е многу релативно. Еден ден, може да биде еднаков на еден век. Една минута, може да биде еднаква на една година. Значи, треба да се свртиме навнатре и да престанеме да ја бараме среќата надвор од нас.

Ќе нè поддржи вечната внатрешна радост, радоста на нашето вистинско јас, радоста на оваа невидлива енергија; ќе ни даде нова перцепција, … ако сме поврзани со енергијата на нашата Мајка Земја, на небото, на сите живи битија на оваа планета Земја. Ние сме Едно, доаѓаме од еден извор и ако го разбереме ова, ако дадеме завет денес, овој пат, дека ќе се гледаме како браќа – јас сум ти, ти си јас, ние сме ти, ти си ние – тогаш ќе ги надминеме сите овие тешкотии.

Живееме во овие контрасти за да знаеме што навистина, навистина, навистина сакаме, а што не сакаме.

Share