Што е ХУЕСА?
Кратенката ХУЕСА претставува „Духовна Академија за Човечка Универзална Енергија“. Практикантите го учат енергетскиот јазик преку активација на седумте главни енергетски центри во човечкото тело под водство на искусни ХУЕСА инсруктори.
Една од главните цели на ХУЕСА методот е да ги оспособи сите да постигнат и да одржуваат балансирана сосотојба на телото, умот и душата. Нуди холистички пристап за човечкото здравје, среќа и духовен развој, кој ќе нѐ води кон живот на благосостојба.
ХУЕСА може да ви помогне да ги достигнете сите овие нешта, дури и повеќе, ако сте посветени да го направите вашиот дел исто така. Конечно ќе сфатите дека ако сакате да ги смените нештата, ќе мора прво вие са се смените.
ХУЕСА ќе ве обезбеди со водство, увиди и алатки за целосно да ве поддржи на овој пат.
НАШИОТ МЕТОД
ХУЕСА методот ги комбинира теоријата и праксата. Содржи едноставни практични решенија, техники за дишење, јога и медитации. Нуди дневни протоколи за да се постигне здраво тело, спокоен ум и слободен дух.
ХУЕСА методот ја поврзува науката со духовноста за да го забрза процесот на реконекција меѓу физичкото, емоционалното, менталното и енергетското тело во целосна благосостојба на клеточната структура. Тој ве води кон надградена свесност и самореализација за разбирање на целта на животот; да го откриете светот откривајќи се себе си; да ги научите законите на универзумот знаејќи кои сте и зошто сте тука.
ХУЕСА методот помага да се справите со животните ситуации со помалку стес и ограничена грижа, за да станете пофлексибилни и издржливи на честите промени на опкружувањето. Вие ќе бидете пофокусирани и ќе знаете кои ви се приоритетите во животот.
Во ХУЕСА, ние учиме како да ја користиме Универзалната Енергија за да го ублажиме страдањето преку духот на милосрдието и љубовта за да придонесеме за добросостојба на сите живи креации на Планетата Земја. Мотото на ХУЕСА е „само луѓе можат да му помогнат на човештвото“. Помагајќи им на другите без очекување за материјална добивка или награда ние ја развиваме мудроста и сомилоста и се здобиваме со попозитивно разбирање на животот.