Мастер Luong Minh Dang - основачот на Училиштето за Универзална Енергија - е роден во My Tho, Јужен Виетнам, на 30 Јануари 1942. Во 1985, Мастер Dang се преселил во САД и подоцна се здобил со државјанство на САД.
Мастер Dang им помогнал на многу луѓе да имаат подобро здравје и бројот на луѓе кои бараат негова помош (која е бесплатна) се зголемува постојано. Затоа, по барање на неговите пријатели и познаници на 20 Јули 1989, Мастер Dang го предавал Семинарот за 1 Ниво на група од 27 студенти во Калифорнија. Потоа тој започнал со пренесување на своето знаење и подучување во повеќе земји, во живо или преку видеоконференција.
Во септември 1994, Мастер Dang бил награден со титула на Докторат (д-р) во Комплементарна Медицина во Минхен, Германија од Отворениот Интернационален Универзитет за Комплементарна Медицина (Коломбо, Шри Ланка). Во Април 1996, Мастер Dang се здобил со титула на Почесен Доктор на Науки од Отворениот Интернационален Универзитет за Комплементарна Медицина и во 2000 тој бил прогласен за доктор од Медицински Степен за Традиционална Медицина од Отворениот Интернационален Универзитет за Комплементарна Медицина. Во 2002 тој ја добил наградата Albert Schweitzer од Albert Schweitzer Foundation за неговото хуманитарно дело.
Во ноември 2002, во Отворениот Интернационален Универзитет за Комплементарна Медицина (Коломбо, Шри Ланка) бил отворен Факултет за лекување со Човечката и Универзална Енергија. Мастер Dang бил поставен за декан на новиот Факултет и Вице-Канцелар за Интернационални работи на истиот Универзитет.
Учењето на методот за Универзална Енергија било проширено во Северна Америка како и во неколку земји во Европа, Азија, Латино Америка, Кариби, Африка и Австралија. Од Јули 1989 до Август 2007, Мастер Dang ги предавал Нивоата од 1 до 20 (Семинар за Апликација за Духовна Наука II). Почнувајќи д првата група на 27 студенти, денес целосниот број на студенти за Универзална Енергија е околу 3 милиони луѓе со различни култура, возраст, раса и религија од околу 60 земји на 5 континенти. Бројот на луѓе кои примиле енергија бесплатно се проценува во милиони.
Во 1998 Мастер Dang се оженил со Др. Theresa Thu-Thuy Nguyen и во 2000 тој се преселил во Мелбурн, Австралија, каде што подоцна се здобил со австралијанско државјанство.
По смртта на Мастер Dang во Мелбурн, Австралија на 12 Август 2007, неговата вдовица, Др. Theresa Thu-Thuy Nguyen, ја продолжила неговата мисија и станала Амбасадор и водечки инструктор во Училиштето за Универзална Енергија.
Др. Theresa Thu-Thuy Nguyen е родена на 27 ноември 1957 во Саигон, Виетнам и се преселила во Австралија во 1979. Таа дипломирала Медицина и Хирургија на Универзитетот во Мелбурн, Австралија (1988) и се здобила со Докторски степен по Филозофија (д-р) од Отворениот Интернационален Универзитет за Комплементарна Медицина (Коломбо, Шри Ланка) во 1997.
Др. Theresa тековно е Декан на Факултетот за лекување со Човечка и Универзална Енергија во Отворениот Интернационален Универзитет за Комплементарна Медицина и Вице-Канцелар за Интернационални Работи на истиот универзитет. Таа е Претседател на Академијата за Човечка и Универзална Енергија и Духовност (HUESA).